15.8 C
Skopje
Saturday, October 1, 2022

Крушево ќе биде домаќин на бизнис саем со домашни и странски компании

Најчитани вести

На 30 и 31 јули во Крушево ќе се одржи бизнис саем на кој се очекуваат компании од Балканот и пошироко. Саемот го организира агенцијата за маркетинг „Еуростеп” во соработка со Општина Крушево.

Крушевскиот градоначалник Томе Христоски оствари средба со организаторите на саемот и истакна дека ова е голема шанса за бизнис секторот и за инвестирање во Крушево.

– Крушево веќе се препознава како туристички активно место, а започнуваме и со организација на саеми. Ова е можност за локалниот бизнис сектор да оствари контакт за проширување на услугите и на пласманот на производите, но и Крушево да се промовира како дестинација за инвестирање, рече Христоски.

Тој најавува средба со бизнис секторот на 19 април за да се запознаат со концептот на организирање на саемот и за воспоставување комуникација со други домашни и странски компании.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com