6 C
Skopje
Sunday, May 9, 2021

Круниќ објави фотографија од соблекувалната: Ова е Миланич (ФОТО)

Најчитани вести

Екипата на Милан синоќа запиша нова победа во Серија А. Момците на Стефано Пиоли можеби не така убедливо, но заслужено ја совладаа Болоња на гости со 1-2 и го задржаа првото место на табелата.

„Миланезите“ поведоа во 26. минута со голот на Анте Ребиќ по промашениот пенал на Ибрахимовиќ, а Кеси во 55. минута од белата точка зголеми на 0-2. Конечните 1-2 ги постави Поли на девет минути пред крајот на натпреварот.

Раде Круниќ, репрезентативецот на БиХ, во игра влезе во 62- минута на место Ребиќ, а по мечот на Инстаграм објави симпатична фотографија. Круниќ ги нареде дресовите на сите играчи на Милан чии презимиња завршуваат на „ИЌ“ и ја објави фотографијата со коментар „АЦ Миланич“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести