8.8 C
Skopje
Wednesday, February 1, 2023

Крос оди во репрезентативна пензија

Најчитани вести

Тони Крос ќе се повлече од репрезентацијата на Германија, пишува „Билд“. Германија, вчера, испадна од Англија на ЕУРО 2020. Натпреварот на Вембли беше последен за Крос но и за уште неколку други фудбалери, тврди „Билд“.

Крос за Германија настапува од 2010 година, досега одиграл 106 натпревари, постигнал 17 голови. 31-годишниот фудбалер на Реал, беше дел од генерацијата која во 2014 година ја освои светската титула.

„Билд“, пишува дека новиот селектор на Германија, Ханс-Дитер Флик ќе има тежок почеток на новата работа.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести