Во Охрид заврши трилатералната средба на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти, со претставниците на Европската унија, високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика, Жосеп Борел и специјалниот претставник на Брисел за дијалогот Белград – Приштина, Мирослав Лајчак.
На средбата и претходеа одвоени билатерални средби на Вучиќ и на Курти со Борел и со Лајчак.