37.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

Критики за Симeоне и Атлетико: Челси како да играше против тим од втора лига!

Најчитани вести

Поранешниот играч на Челси, Џо Кол испрати критики на адреса на Диего Симеоне и Атлетико Мадрид по елиминацијата од Лигата на шампиони

„Сините“ вечерва со 2-0 го добија реваншот против Атлетико Мадрид и со вкупни 3-0 се пласираа во четвртфинале од Лигата на шампиони.

На Џо Кол не му се допадна изданието на Атлетико Мадрид, па реши да упати силни критики за Диего Симеоне и неговите избраници.

„Челси како да играше против добар тим од Чемпионшип (втората лига на Англија) или пак тим кој е во долниот дел од табелата во Премиерлигата и се бори за опстанок“ – рече поранешниот играч на Челси, кој го работеше мечот како стручен коментатор за БТ Спорт.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести