15 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Кристијано Роналдо е најдобар стрелец во историјата на фудбалот

Најчитани вести

Португалскиот фудбалер, Кристијано Роналдо, со двата гола што ги постигна против Интер, го доближи Јувентус до финалето во Купот на Италија, а своето име го запиша во историјата на фудбалот.

Со двата гола против Интер, Роналдо дојде до бројката од 763 во кариерата, на официјалните натпревари како играч на Спортинг, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид, Јувентус и репрезентацијата на Португалија.

Најмногу голови во кариерата, 451, Роналдо постигнал за Реал.

На вечната листа, Португалецот, го престигна Чехот Јосеф Бикан, кој во кариерата постигнал 762 гола. Според официјалната статистика, 762 гола во кариерата постигнал и Пеле.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести