31.8 C
Skopje
Wednesday, August 17, 2022

 Криси Тајген го очекува третото дете во бракот со Џон Леџенд

Најчитани вести

Убавата манекенката Криси Тајген го очекува своето трето дете со светската музичка ѕвезда Џон Леџенд речиси две години откако го загуби неродениот син Џек. 

Веста за бременоста ја потврди Криси на Инстаграм.

„Изминатите неколку години беа полни со измешани емоции, но радоста повторно ни го исполни домот и срцата. До сега си велев „Во ред, ако е здраво денес, ќе објавам“. И тогаш дишам со олеснување кога ќе го слушнам чукањето на срцето. Засега се е совршено и убаво. Полна сум со надеж, се чувствувам неверојатно. Беше тешко да го задржам ова за себе“, напиша Криси на Инстаграм со фотографија,.покажувајќи го нејзиниот труднички стомак.

Инаку во септември 2020 година, Криси објави дека го изгубила својот нероден син Џек. Забременила со него по природен пат, додека ќерката Луна и синот Мајлс ги добила преку ИВФ третман.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com