23.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

Кризниот штаб разјасни што се ќе биде затворено во Србија до понеделник

Најчитани вести

По повеќедневни апели на медиционскиот дел на Кризниот штаб за поострување на мерките поради влошената состобја со коронавурусот, која со денови изнесува во просек по 4500 новозаболени, денес владата одлучи – од вечерва во 20 часот до понеделник Србија да се затвори.

-Од вечер до понеделник се ќе биде затворено. Нема да воведеме полицијски час, нема да има забрана на движење, ќе работат прехранбените продавници, аптеките,бензинските пумпи,се она што е потребно за нормален живот, мора додатно да го успориме животот, за да видиме броевите на новозаразените да стагнираат, изјави премиерката Ана Брнабиќ.

Кризниот штаб појасни дека во Србија од вечерва ќе се затворат сите угостителски овјекти, трговските центри, сите продавници-освен прехранбените продавници, кината, музеите, галериите, козметичките и фризерските салони, коцкарниците, базените, детските игротеки, фитнес центрите, теретаните.

Со работа ќе продолжат да работат државните институции, банките, менувачниците, поштите, како и претпријатијата и фабриките и хотелските објекти-само за пријавените гости.

Кризниот штаб побара строгите мерки да бидат најмалку 14 дена, а според Брнабиќ постигнато е компромисно решение, со што е направен баланс помеѓу заштитата на здравствениот систем кој е пред колапс, работните места и менталното здравје на нацијата.

Таа додаде дека ќе се работи на понатамошно зголемување на капацитетот за тестирање, вклучително и тестирање на граничните премини и упати апел за забрзување на вакцинирањето, во што Србија е прва во Европа според бројот на ревакцинирани лица.

До денес вакцинирани се 2.040.313 лица, а ревакцинирани 791.269 граѓани, а Србија ќе продолжи со вакцинирањето и со АстраЗенека.

Епидемиологот Предраг Кон по седницата на Кризниот штаб изјави дека донесените мерки претставуваат компромисно решение и да медицинскиот дел смета дека тие не се доволни.

-Бидејќи, по пет дена, сè уште нема да видиме никакви ефекти од овие мерки, објасни Кон и оцени дека одлуката на Кризниот штаб не ги задоволува ниту оние кои повеќе размислуваат за економијата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести