-5.2 C
Skopje
Saturday, January 22, 2022

Кривични пријави против градоначалникот на Петровец и уште четири лица

Најчитани вести

Управата за финансиска полиција до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против пет физички и три правни лица за злоупотреба на службената положба и перење пари во општина Петровец. Директорот на Управата Арафат Муареми изјави дека градоначалникот, кој на таа функција е од 2009 година, почнувајќи од 2012 година до сега, овозможил плаќање на 24 фиктивни фактури на правниот субјект „Аце транс” – Скопје, во вредност од над 31,84 милиони денари за извршени јавни набавки, иако знаел дека работите не се извршени.

Против овие лица, како што рече Муареми, постојат основи на сомневање за злоупотреба на службената положба и должност, поттикнување злоупотреба на службената положба, злоупотреба на постапка за јавно приватно партнерство и за перење пари.

Вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски, во тој контекст, рече дека во мај годинава добил анонимна претставка за злоупотреба на службената положба и перење пари во општина Петровец.

„Финансиската полиција постапи по пријавата и вчера ја поднесе кривичната пријава за направена оштета на буџетот на општина Петровец од над 1.5 милион евра“, изјави Николовски.

Вицепремиерот информира дека пристигнати биле повеќе претставки и за работата на повеќе спортски федерации, за што целата документација е предадена до Јавното обвинителство да постапува.

Николовски упати повик до јавноста да се користат сите алатки и да се пријавуваат неправилности, мито, корупција, криминал…

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com