21.8 C
Skopje
Tuesday, June 15, 2021

Кривична пријава за дебранец кој преку социјалните мрежи упатувал закани до негов сограѓанин

Најчитани вести

Дебарското одделение за внатрешни работи до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против М.К.(34) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување на сигурноста”.

– М.К. на социјалните мрежи „Фејсбук” и „Инстаграм”, креирал лажен профил од кои, во повеќе наврати на О.Р. од Дебар му испраќал закани по неговиот живот и видеозаписи со недолична содржина, изјави Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Информираше и околу почитувањето на мерката за носење заштитна маска, како и забраната за движење.

– Во изминатото деноноќие полициските службеници во ова подрачје не констатирале непочитување на мерката за носење заштитна маска. Во изминатите денови од овој месец констатирани се 72 прекршока и на овие лица им се издадени прекршочни платни налози, рече Димоски.

Според него нема прекршување и на мерката за прекршувања на забраната за движење од 22:00 до 5:00 часот со цел спречување на ширењето на вирусот Ковид 19.

– Од воведувањето на полицискиот час на подрачјето на двете општини, Дебар и Центар Жупа, кои со својата активност ги покрива дебарското одделение за внатрешни работи, регистрирани се само четири прекршувања, посочи Димоски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести