9.8 C
Skopje
Wednesday, September 22, 2021

Кривичен денес ќе проверува од каде протекол записникот од сведочењето на Камчев

Најчитани вести

Кривичен суд денес ќе врши проверки дали записникот од сведочењето на бизнисменот Јордан Камчев за случајот „Рекет“, чија прва страница „протече“ во медиумите дошол до оваа институција, изјавил за Алсат претседателот на скопска единица Иван Џолев.

-Судот ќе направи интерни проверки и ќе утврдиме дали воопшто во судскиот предмет сме го имале или не спорниот записник, изјавил Џолев.

Џолев сепак не сака да навлегува во коментари за истрагата за тоа од каде протекол документот, бидејќе смета дека тоа се активности на обвинителството. А од обвинителството за гонење на организиран криминал денеска нема нови детали за тоа дали имаат појасна слика, како првата страница од записникот протече во јавноста. Накусо, велат, се постапува.

Последниот официјален став од таму е оној од саботата, во кој обвинителката Русковска ја потврди веродостојноста само на првата страница која беше објавена во медиумите, но не и останатите наводи кои не можат да се прочитаат од таа страница, дека наводно Камчев ги инкриминирал премиерот Зоран Заев и други фунционери на власта. Во истиот став, Обвинителството индиректно посочи дека „протекувањето“ може да се случило во судот, а не од кај нив.

Записникот од сведочењето на Камчев предизвика низа реакции не толку поради објавувањето на неговата прва страница, туку поради останатите наводи против високи функционери кои не можат да се прочитаат во објавениот документ. На првата, единствена објавена страница, може да се прочита само описот на Камчев- како Боки 13 стапил во контакт со него и како му нудел проекти. Дел од порталите сепак објавуваа наводни детали дека Камчев во исказот ги инкриминирал и Заев, Шеќеринска, Димитров, иако тоа го нема во објавениот документ. Сите споменати функционери најавија тужби.

На тоа реагираа и Агенцијата за медиумите, ЗНМ и Советот за етика во медиумите, повикувајќи ги политичарите да се воздржат од тужби кон медиумите, да не ја загрозуваат слободата на изразување и да остават да фунционира системот на саморегулација. На тие ставови, остро реагираше министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски, особено што записникот го објави порталот „Инфомакс“.

Манчевски остро ја нападна и Агенција за медиуми, дека одлучила да застане во одбрана на лажните вести. А покрај тоа, станувало збор за вест објавена на портал, за кои Агенцијата постојано тврдела дека не може да врши никаков надзор.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com