23.8 C
Skopje
Tuesday, July 27, 2021

Креаторите на Instagram содржини наскоро ќе можат повеќе да заработуваат

Најчитани вести

Следниот поголем чекор на Instagram ќе биде да им овозможи на креаторите на содржини повеќе да зарабботуваат. Компанијата подготвува сет алатки, вклучувајќи ги Creator Shops, Affiliate Commerce и „branded content marketplace“.

Creator Shops ќе биде екстензија на простоечките функции на Instagram за купување. Ова на бизнисите ќе им овозможи да ги продаваат производите.

Покрај тоа, компанијата подготува „branded content marketplace”, кој ќе им помогне на инфлуенсерите да пронајдат спонзори. Марк Цукерберг истакнува дека алатката од овој тип ќе им овозможи на новите таленти да ги монетизираат своите креации и содржини.

Исто така, Instagram работи на тоа да овозможи инфлуенсерите да ббидат платени повеќе за промовирање на производи. Тоа значи дека Instagram во својот производ ќе вгради affiliate маркетинг алатки.

Во овој момент, наведените алатки се во процес на подготовка и тестирање, а Instagram сака да ги вгради во својот сервис за компанијата да има подобра контрола над својот екосистем на креаторите на содржини.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести