Најмалку 16 лица се повредени во Чикаго при тепачка за време на традиционален огномет, што предизвикало паника и стампедо на прославата по повод 4 јули, Денот на независноста.
Портпаролот на полицијата, Ентони Гулјелми, изјави дека три лица биле избодени за време на тепачката, а 16 се префрлени во болница бидејќи биле прегазени од луѓе кои панично бегале од местото на настанот, пренесе АП.
Засега не е познато дали некој е уапсен поради инцидентот.