Вчера во штипскиот затвор се степале осуденици, од кои едниот извадил нож и неколкупати го прободел и сериозно го ранил другиот, соопшти полицијата.
„Околу 14:40 часот вчера во СВР Штип е пријавено дека во Казнено-поправната установа „Затвор Штип“, по претходна расправија, осуденикот Љ.Ѓ.(41) од Скопје со нож го нападнал осуденикот В.С.(48) од Струмица и му нанел убодни рани. В.С. е пренесен во Клиничка болница-Штип за укажување на лекарска помош“, информираат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.