9.8 C
Skopje
Thursday, September 23, 2021

Крај на една блескава кариера: Давид Виља заминува во пензија!

Најчитани вести

Еден од најдобрите европски напаѓачи во историјата, Давид Виља денеска на прес-конференција официјално ќе го објави крајот на својата блескава кариера.

Неговото пензионирање ќе се случи на 21 декември или на 2 јануари, во зависност од тоа дали Висел Кобе ќе успее да се пласира во финалето од Купот на Јапонија. Идниот месец се игра полуфиналниот меч против Шимицу, а ако победи, Виља ќе ги закачи копачките на ѕид на вториот ден од новата година и ќе има можност тоа да го направи со уште еден трофеј.

Тешко е да се набројат сите успеси на Виља во неговата кариера. Тој беше еден од најубиствените голгетери минатата деценија, играше во Хигон, па во Сарагоса, Валенсија, Барселона и Атлетико пред да замине во Австралија, Њујорк и Висел Кобе. Со Барселона освои се што можеше да се освои, а со шпанската репрезентација беше европски шампион во 2008 и светски две години подоцна. Уште е рекордер по бројот на голови во дресот на „фуријата“ со 59 гола, без реални изгледи да биде симнат од првата позиција во догледна иднина бидејќи најблиску до него од активните играчи е Серхио Рамос со 21 гол.

Му недостасуваа само два настапа за да ја пробие границата од 100 натпревари за шпанската репрезентација, но во тоа го спречи тешката повреда на Светското клупско првенство во 2011 година која му ја однесе кариерата во сосема друга насока.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com