Еден од најпопуларните холивудски актери, Лиам Нисон, кој се прослави со многубројните улоги во филмови како „Војна на Sвездите“, „Списокот на Шиндлер“ и „96 часа“, неодамна ја шокираше публиката со изјавата дека повеќе не планира да игра во акциони филмови.
- Наскоро ќе имам 69 години и имам уште неколку снимки да направам, ако вирусот корона ми дозволи, но тоа ќе биде тоа – рече тој за „ENews“ и додаде:
„Мојата одлука е конечна, освен ако не ме присилат поинаку“, се пошегува тој.
Да потсетиме, Нисон ја започна својата кариера во средината на 70-тите години на минатиот век и до денес има постигнато голем број значајни, главни улоги во филмски хитови.
Тој беше номиниран и за Оскар во 1994 година за ликот на Шиндлер во реализацијата на „Списокот на Шиндлер“.
