7.8 C
Skopje
Friday, December 9, 2022

Крај за „чистокрвниот“ V12: Lamborghini го произведе последниот Aventador

Најчитани вести

Последниот примерок на моделот Lamborghini Aventador излезе од производната лента.

Тоа е моделот LP 780-4 Ultimae, кој воедно е и последниот автомобил со неелектрифициран V12, легендарниот мотор на Lamborghini, пред да пристигне неговиот plug-in хибриден наследник.

Автомобилот беше произведен во фабриката во Сант’Агета, Италија, со што заврши производството кое траеше 11 години. Plug-in хибридниот наследник ќе биде произведен подоцна оваа година и веќе беше забележан за време на тестирањето.

Во Lamborghini се погрижија последниот произведен модел да биде и најмоќен, па 6,5-литарскиот V12 мотор да развива 780 КС и 720 Nm вртежен момент, а силата да се пренесува на сите четири тркала.

Забрзувањето од 0 до 100 км/час трае само 2,8 секунди, додека максималната брзина е речиси 356 км/час. Ова значи дека Ultimae е најбрзиот Aventador на патиштата досега. Навистина, Essenza SCV12 е помоќна со 830 КС, но е фокусирана исклучиво на патеката.

Lamborghini произведе 350 купеа и 250 роудстери и ги продаваше во различни уникатни шеми на бои.

Plug-in хибридниот наследник на Aventador ќе служи како мост за целосно електричните модели на Lamborghini.

Патот на електрификацијата го следат и моделите Huracan и Urus, а на крајот на деценијата ќе пристигне и електричен автомобил со конфигурација на седишта 2+2.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести