14 C
Skopje
Tuesday, May 18, 2021

Крај за Нетанјаху, Ганц го доби мандатот да формира влада

Најчитани вести

Израелскиот претседател Рувен Ривлин денеска му го дава мандатот на лидерот на партијата Бело-сино, Бени Ганц, да формира коалициска влада, соопшти кабинетот на претседателот.

Од кабинетот на Ривлин велат дека претседателот ќе му даде мандат на Ганц да формира влада, бидејќи премиерот Бенјамин Нетанјаху не успеа да го стори тоа, пренесува Ројтерс.

Нетанјаху во понеделникот рече дека се откажува од напорите за формирање нова влада, откако не успеа да обезбеди мнозинство во парламентот по изборите во септември.

Нетанјаху, кој ја предводи партијата Ликуд, рече дека му го враќа мандатот на израелскиот претседател Рувен Ривлин, откако работел на „воспоставување влада на широко единство“.

„Во последните неколку недели се обидувам да го доведам Бени Ганц на преговарачката маса, да формирам влада на широко единство и да избегнам нови избори“, рече Нетанјаху.

Партијата на Ганц во краткото соопштение соопшти дека е решена да формира либерална обединета влада.

Ако ни Ганц не успее да формира влада, тоа најверојатно ќе доведе до нови парламентарни избори, трети од април.

На изборите одржани во септември, Ликуд на Нетанјаху освои 32 места во парламентот, а партијата Сино-бело 33, од вкупно 120.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести