14.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Крајно време е ЕУ да испорача кон С Македонија, порача Димитров во Виена

Најчитани вести

Крајно време е ЕУ да испорача и да го исполни своето ветување, порачал вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, на Самитот за Западен Балкан кој се одржува во Виена.

Во панел-дискусијата за процесот на проширување на ЕУ, тој истакнал дека новата методологија за преговори може да внесе нова динамика и поголема веродостојност на пристапниот процес само ако е правилно применета односно има заемна посветеност и на земјите-кандидати и на ЕУ.

„Ако се вратиме на основите како што предвидува и самата методологија, не смееме да го заборавиме базичното правило дека процесот на пристапување е двостран и подразбира испорачување на обете страни. Крајно време е Унијата да испорача кон Северна Македонија, исполнувајќи го сопственото ветување за почеток на преговори откако земјата ги исполни сите услови“,

рекол Димитров.
Тој зборувал и за Економскиот и инвестицискиот план за Западен Балкан, кој рекол дека е признание на Унијата оти треба да направи повеќе за регионот за да го одржи процесот на европеизација.

Димитров учествува на Самитот на покана на австриската министерка Каролине Едштадлер. Дискусијата во која тој учествувал е на ниво на министрите за европски прашања, а е како надополнување на пленарната сесија на премиерите која, пак, е организирана од австрискиот канцелар Себастијан Курц. На таа сесија учествува премиерот Зоран Заев.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести