3 C
Skopje
Tuesday, January 26, 2021

Краток тест Audi Q3: Роден да освојува

Најчитани вести

Како првиот SUV кој ги комбинираше компактните димензии со врвната off-road астетика, моделот Q3 на Audi му донесе продажба од преку 1,1 милион примероци од самото појавување на пазарот во 2011 година.

Новиот Audi Q3 претставува компактен семеен SUV со повеќе таленти. Втората генерација на моделот се чини не само визуелно посигурна, туку сега изобилува и со простор, со што го оправдува делот „utility“ во SUV, а доаѓа и со сеопфатна прилагодливост и многу практични детали. Како и врвните модели на брендот, тој располага со дигитален кокпит со MMI и инфозабавен систем кои го поврзуваат новиот Q3 со неговата околина. Новите системи за асистенција го поддржуваат возачот при паркирање, во град и на долги патувања, при што заедно со ревидираната суспензија, влијаат врз зголемување на удобноста.

Спортски и самоуверен дизајн

Втората генерација на Q3 изгледа многу поспортски од неговиот претходник, благодарение на острите и аголни линии. Singleframe октагоналната решетка и големите отвори за воздух само го карактеризираат мускулниот изглед на предниот дел и го отсликуваат SUV-карактерот на автомобилот. Контурите на страничната силуета влечат инспирација од quattro ДНК-та на Audi, при што го прават автомобилот да изгледа уште пошироко.

Сепак, промените во задниот дел не се толку драстични, па може дури да кажеме дека повеќе ни наликува на освежување на тековната генерација, отколку на нова. Светлосните уреди добиваат ревидиран дизајн, со нов тек на LED лентите, а она што се разликува од претходната верзија е што сега тие се дводелни, внатрешниот дел е позициониран на багажната врата, додека пак другиот останува на просторот помеѓу браникот и крилото. На листата на измени е новиот заден браник, како и променетитот дифузер, кои допринесуваат кон поспортскиот изглед на кросоверот.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести