Home » Краткотрајно невреме попладнево го погоди Велес, откорнати дрвја, падната бандера

Краткотрајно невреме попладнево го погоди Велес, откорнати дрвја, падната бандера

by Журнал.мк

Невреме со дожд, грмотевици и ветар попладнево го зафати Велес. Најпогодена беше левата страна од стариот дел на градот, каде има откорнато дрвја.

Според Регионалниот центар за управување со кризи ЦУК Велес, кај нив било пријавено паѓање на две дрва на левата страна од градот, од кое едното големо дрво е паднато на криивината кон автобуската станица. Таму имало откорната и бандера, поради што сообраќајот бил во прекин.

Поради високата конфигурацијата на Велес, а без атмосферска канализација во нискиот дел од градот, водата од дождот од високите се слеваше во ниските градски улици, кои за кратко беа поплавени и со песок.

Екипите на ЈКП „Дервен“ попладнево и вечерва расчистуваа од песок и кал по градските улици.

Поради силните грмотевици, поголем дел од градот за време на невремето 15-тина минути остана без електрична струја.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk