23.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

Краткиот анимиран филм „Карантин“ на фестивал во Франција

Најчитани вести

Краткиот анимиран филм „Карантин“ во режија на Иван Андреевски ќе се прикаже во официјалната селекција на Фестивалот за анимиран филм во Анеси, Франција кој е предвидено да се одржи онлајн од 14 до 19 јуни.

Филмот е селектиран во програмата Перспективи, во конкуренција од околу 3.000 остварувања од речиси 100 земји.

„Карантин“ е австралиско-македонска копродукција, а работен е по сценарио на Михаил Наумов и по приказна на Љубомир Саздовски. Продукција е на „3 Блок Студио“ и „Флип Бук Продукција“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести