23.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

Кралицата одлучила да го поддржи Хари? Елизабета не се налутила за интервјуто, туку само…

Најчитани вести

Извори од палатата за британските медиуми тврдат дека кралицата воопшто не била лута поради интервјуто на Хари и Меган Маркл

Кралицата Елизабета Втора е тажна, не лута за интервјуата што принцот Хари и Меган Маркл ѝ ги дадоа на Опра Винфри, тврдат изворите.

Хари и Меган јавно обвинија неименуван член на кралското семејство за расизам, велејќи дека се распрашувал за бојата на кожата на Арчи додека Меган била бремена. Со денови се шпекулираше што ќе каже кралицата, а од Бакингемската палата беа потребни повеќе од 48 часа да пристигне изјава во која се вели дека обвинувањата се „загрижувачки“ и дека кралското семејство ќе се занимава со ова прашање во нејзините четири sида.

Сега извори тврдат дека кралицата никогаш не била лута на нејзиниот внук и снаа. Наводно се заколнала дека ќе го поддржува Хари.

– Кралицата не е лута, таа е само тажна. Сите секогаш беа загрижени за Хари и кралицата секогаш се однесуваше заштитнички кон него – изјавил неименуван извор.

Тој истакнува дека Хари ја имал целата поддршка кога Меган влегла во неговиот живот.

– Тие помалку се грижеа за него откако започна врска со неа, бидејќи се чинеше многу среќен – вели изворот.

Да потсетиме, принцот Вилијам пред неколку дена јавно зборуваше за интервјуто на неговиот брат и снаа, кратко велејќи дека „кралското семејство не е расистичко“.

Кралицата наводно наредила истрага кој од членовите на семејството дал расистички изјави за нејзиниот внук.

Бакингемската палата не сакаше да ги коментира овие обвинувања.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести