Бугарскиот репрезентативец Адријан Краев смета дека тој и неговите сограчи можат да ја совладаат Македонија на стартот од новото издание на Лигата на нации.
Македонија денеска од 18 часот и гостува на Бугарија во Разград, а Краев вели дека избраниците на селекторот Милевски не се непобедливи иако играат фантастично во последните години.
– Можам да ѝ честитам на Македонија за сите резултати во последно време, но мислам дека не се супериорни во однос на нас и не се непобедливи. Имаме шанси да победиме. Јасно е дека овој натпревар е многу важен за Бугарија, и затоа сите мора да дадеме сѐ од себе за да дојдеме до победата која ќе ни даде самодоверба за следните предизвици. Но, дури и да не победиме не смее да ги наведнеме главите, мора да продолжиме понатаму и да бараме победи во следните натпревари – изјави Краев.