Крадците од НЛБ Банка во Сарај украле околу 115 илјади евра

0

Скопје, 9 јули– Од НЛБ Банка во Сарај каде што утрово се случи грабеж се украдени околу 115 илјади евра, а со цел побрзо откривање на деталите и разрешување на случајот, НЛБ Банка е во интензивна соработка со надлежните органи, соопштија од Банката.

Во моментов поради истрага и расчистување на случајот, експозитурата Сарај не работи, а со редовна работа ќе продолжи од 10 јули 2019 година (среда), велат од НЛБ Банка.

Разбојници околу 10:40 часот утрово, влегле и ја ограбиле филијалата на НЛБ Банка во Сарај. Четири вооружени лица влегле внатре, а целата акција траела само пет минути. Ккцијата била како на филм. На местото на настанот пристигна полицијата, а потоа и крим-техниката.

Претставници на Банката се во постојан контакт со клиентите и вработените кои биле присутни во филијалата, ставајќи ја нивната безбедност и нивното здравје во преден план. Во моментов сѐ уште нема детали за висината на направената штета. Надлежните органи вршат увид на самото место и се во блиска соработка со Банката за што побрзо и ефикасно разрешување на случајот и разоткривање на деталите, за што јавноста ќе биде дополнително известена, изјавија од НЛБ.

Надлежните од НЛБ банка, уверуваат дека средствата на нивните клиенти се безбедни. Инаку ова е втор грабеж во рок од три месеци во некоја од експозитурите на НЛБ. Ваков настан беше регистриран и пред три месеци во Чаир кога разбојниците им се заканија на вработените и со себе однесоа околу 150 илјади евра./republika.mk/