17.8 C
Skopje
Friday, September 30, 2022

КОЈ ЌЕ ГО СОВЕТУВА ПРЕМИЕРОТ: Објавени дел од новите советници

Најчитани вести

Деканот на Економски факултет, Предраг Трпески, професорот Ванчо Узунов, актуелниот директор на Шпаркасе банка Глигор Бишев. Ова се дел од советниците на премиерот Димитар Ковачевски, објави Фокус.

Медиумот ги обелоденува и другите советници, а ќе има вкупно 15. Меѓу нив и Професорот на Факултетот за електротехнички и информациски технологии, Антон Чаушески, кој ќе биде советник за енергетика.

Инаку на листата надворешни соработници која е јавна и стои на интернет страницата на Владата има и други имиња кои и сега се ангажирани, најверојатно и ќе останат.

На листата советници според Фоксу остнуваат и Едмонд Адеми (надворешни работи), Исмет Рамадани (евроатлански вредности), Нина Фити (финансии), Драган Василевски (одбрана) и Ана Данева Марковска, надворешен соработник за здравство.

Исто така, на списокот останува и поранешниот шеф на тајната полиција Зоран Верушевски, кој му беше советник за национална безбедност на Зоран Заев.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com