2.8 C
Skopje
Tuesday, December 7, 2021

Кој ќе ги покрие штетите на возилото од паднати дрва врз нив?

Најчитани вести

Го регистрирате вашето возило, плаќате осигуривање, задолжителното автоодговорност и сметате дека немате проблем. Но, тоа е само во ситуација ако во текот на следниот период случајно удрите некого или пак сте дел од сообраќајка. Последното невреме во Македонија кога ненадејно падна снег и имаше доста уништени возила од паднатите дрвја врз нив го отвора прашањето, кој ќе ја плати во тој слушај штетата на вашето возило.

За разлика од авто одговорноста која е задолжителна и која се активира само во случај на познат сторител (односно се знае кој учествувале во незгодата) за покривање на штета од непознат сторител потребно е да поседувате каско осигуривање. Тоа ќе ја покрие штетата, и во зависност од тоа дали се работи за каско со франшиза или не, може и вие да учествувате во тоа или пак осигурителната компанија во целост ќе ја покрие штетата

Каско осигурувањето е доброволно и секој самостојно одлучува дали ќе направи и во кој обем.

Кои штети на возилото ги покрива каско-полисата?
*сообраќајна незгода (дури и од ваше невнимание);
*пожар;
*удар од гром;
*експлозија;
*лоши услови на патот;
*луња;
*град;
*поплава, порој и високи води;
*злонамерни постапки;
*пад или удар на некој предмет врз возилото;
*кражба и разбојништво.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com