14.8 C
Skopje
Tuesday, October 19, 2021

Кој ќе биде новиот технички премиер?

Најчитани вести

Иако политичките партии се договорија за предвремени парламентарни избори, кадровскиот избор за техничка Влада се уште не го откриваат.

За тоа кој ќе седне на привремената позиција претседател на Влада и ќе го заменува Заев 100 дена пред изборите, според пржинскиот договор од 2015та, премиерот смета дека се уште е рано да се разговара оти, како што вели, сега Владата е фокусирана на економските реформи.

Најспоменуван за технички премиер кој ќе биде избор на владејачката СДСМ е министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој ниту потврдува, ниту демантира дека неговата партија ќе му ја довери премиерската функција на Заев.

Освен технички премиер, СДСМ ќе предлага и заменици во полицијата и труд и социјална политика, но повеќе функции ќе добие ВМРО ДПМНЕ. Од нивните редови ќе биде министерот за внатрешни работи кој ќе има право да разреши или распореди најмногу 15 лица на раководни функции. И труд и социјална политика ќе го предводат опозиционери, а партијата ќе назначи уште тројца дополнителни заменици во министерствата за финансии, земјоделство и информатичко општество и администрација. Засега, и оттаму тврдат дека немаат кадровски одлуки.

Ваквата распределба во преодната влада ќе профункционира на 3ти јануари, а изборите ќе се распишат 60 дена пред изборниот ден.

Иако од партиите велат дека се уште не се во кампања, и СДСМ и ВМРО ДПМНЕ секојдневно одржуваат трибини и средби со граѓани пред кои зборуваат за идните партиски планови.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com