4.8 C
Skopje
Thursday, October 28, 2021

Кој треба да ја наследи „10“ на Меси во Барселона?

Најчитани вести

Заминувањето на Лионел Меси од Барселона го остави дресот со број „10“ без сопственик. Се уште ниту еден од фудбалерите не се осуди да го земе овој број во новата сезона.

Поголемиот број од навивачите на каталонскиот клуб сметаат дека така треба и да остане. Во анкетата која ја спроведе „Мундо депортиво“ во која учествуваа 25.000 читатели, 36 отсто од нив сметаат дека „10“ не треба никој да ја носи.

Покрај оваа опција најмногу гласови има Ансу Фати за кого дури 30 отсто од читателите сметаат дека треба да ја наследи. На третото место е Педри со 18 отсто од гласовите на навивачите.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com