8.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Кој против кого во осминафиналето од ЛШ ќе биде познато точно напладне

Најчитани вести

Во седиштето на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) во швајцарски Нион, за денеска точно напладне (12 часот) ќе се одржи ждрепката за осминафиналните двојки од елитното клупска натпреварување Лигата на шампионите. Учесниците во првата елиминаторна рунда по групната фаза се поделени во две групи, а ждрепката ќе биде полудиригирана, бидејќи во оваа нокаут-фаза неможат да се соочат екипи од иста земја, како и оние кои играле во иста група.

Во барабанот на носители се, екипите кои завршија на првото место во групите и мтие ќе ја имаат привилегијата реванш мечевите да ги играат пред своите гледачи. Оваа група ја сочинуваат:
Барселона, Шпанија (Група Ф)
Баерн Минхен, Германија (Група Б)
Јувентус, Италија (Група Д)
Лајпциг, Германија (Група Г)
Ливерпул, Англија (Група Е)
Манчестер сити, Англија (Група Ц)
Пари Сен-Жермен, Франција (Група А)
Валенсија, Шпанија (Група Х).

Во групата на неносители се второпласираните од групната фаза:
Аталанта, Италија (Група Ц)
Атлетико Мадрид, Шпанија (Група Д)
Челзи, Англија (Група Х)
Борусија Дортмунд, Германија (Група Ф)
Лион, Франција (Група Г)
Наполи, Италија (Група Е)
Реал Мадрид, Шпанија (Група А)
Тотенхем, Англија (Група Б).

Првите средби се закажани за 18, 19, 25 и 26 февруари, а вторите на 10, 11, 17 и 18 март. Ждрепката за четвртфиналето, полуфиналето и финалето е закажана за 20 март.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com