18 C
Skopje
Wednesday, March 3, 2021

КОЈ ПОТФРЛИ ВО БЕЗБЕДНОСНАТА ЗАЕДНИЦА НА САД? Каде води истрагата

Најчитани вести

Во продолжение на оваа безбедносна анализа како предизвик за истрагата
за настаните во Капитол во САД, ќе се осврнам на непроцесуираните лица и
пропусти од безбедносните служби кај нас, пред настаните од 27 Април.
Таа паралела со подолу напишаното можеби ќе ни биде ладен туш за тоа како
постапуваат институции, а како сме постапиле ние …, пред да правиме споредби.
✅ Една од клучните задачи на безбедносните служби во моментот во САД по упадот на поддржувачите на Доналд Трамп во Капитол се:

Идентификација на протестантите со полициско, воено и криминално искуство/минато❗
➡️ Начинот на организирање и финансирање на екстремистичките организации❗
➡️ Бзбедносните пропусти и проценки
во настаните од 6 Јануари во Капитол❗
➡️ Меѓусебната доверба и координацијата на полицијата и безбедносните служби и прашањето на “лојалноста”❗
🇺🇸 Американските служби за безбедност како едно од клучните факти во истрагата за насилството и упадот во најзаштитената историска зграда во Вашингтон ДС, го сметаат фактот дека❗“полицијата во Капитол задолжена за чување и заштита на зградата не упатила рано барање за помош од главните полициски сили на градот и до Националната гарда, ниту пак формирала повеќеагентен команден центар за координација и одговор на какво било насилство❗
🚩 Истрагата потврдила дека околу Капитол “не постоеле соодветни безбедносни параметри со потребно ниво на обезбедување што придонело до лесно и брзо пробивање на демонстрантите и
влез во зградата❗
🚩Околу самиот Капитол, полицијата поставила ниски бариери, a полицајците
биле главно во улични униформи, а не со опрема за немири❗
➡️ Експертите за полициско постапување велат дека, ❗биле зачудени од од тактиката што полицијата ја користела кога толпата веќе била во Капитол. Една жена беше застрелана и убиена од полицијата во Капитол, додека полицајците се обидоа да спречат група да навлезе во зградата❗
➡️ Основа за ваквиот аспект на истрагата од безбедносните служби на САД е и
фактот што ❗ демонстрантите беа снимени како полицијата ги придружува или
ги води надвор од зградата без апсење, дури им било помагано по скалите
во Капитол и им биле отворени вратите за да излезат❗
➡️ Се појавија и други видео снимки на кои се гледа како полицаец позира за селфи со маж внатре. И видео како полицајците ја отвораат безбедносната ограда за да ги
приближат приврзаниците на Трамп❗
✅🇺🇸 Сите во САД ги воочија двојните стандарди како што ги нарекуваат во
постапувањето на полицијата во Капитол и постапувањето на Националната гарда за време на демонстрациите по убиствотот на Џорџ Флојд❗
✅🇺🇸 Идната потпретседателка на САД Камала Харис напиша:
“Сведоци сме на два система на правда: еден што ги остави екстремистите
да упаднат во американскиот Капитол вчера, и друг што пушти солзавец врз
мирните демонстранти минатото лето. Едноставно е неприфатливо“❗
🚩Началникот на полицијата во Капитол во САД, Стивен Санд, првично го бранеше постапувањето на полицијата, опишувајќи ги акциите како „херојски“ и стабилни, но бргу потоа беше објавена неговата оставка,
заедно со оставката на воениот наредник и за Претставничкиот дом и за Сенатот❗
🚩Во ист ден и советникот за национална безбедност на Трамп си поднесе оставка.
➡️ Во анализата на безбедносните пропусти се дознава дека ❗претставници на
Пентагон поставиле строги оперативни ограничувања на Националната гарда
пред протестите и останале загрижени за вооружениот воен персонал во Капитол❗
➡️ Во пресрет на средата, службеници на Министерството за одбрана го одобриле барањето од официјалните лица на ДС за активирање на 340 припадници на Националната гарда, под услов да не носат огнено оружје и да бидат во споредна улога, како што е сообраќајната должност❗
➡️ Официјалните лица за одбрана во четвртокот се обиделе да ја одбранат
брзината со која ги овластиле и мобилизирале гардистите да одговорат на
насилството❗
➡️ Причина за доцнењето во активирање на Националната гарда според високи извори во Пентагон бил токму претседателот Доналд Трамп, кој покажал неподготвеност Националната гарда да се искористи за да се смират немирите❗
➡️ Безбедносните аналитичари во САД нагласуваат подолго време дека, безбедносните одлуки под администрацијата на Трамп се политизирани❗
✅🇬🇧 Британскиот специјалист за полициско работење професорот Клифорд Стот, во анализата на достапните информации за настаните вели дека, ❗токму овие „моќни и важни“ прашања за полициското постапување треба да бидат
поставени пред официјалните лица и да се праша како не се подготвиле за ескалацијата. Тој потенцира дека, не станува збор само за комплексноста
на полицискиот одговор, туку е и за она што се чини дека е лошо ниво на проценка на ризик❗
🚩Отворените прашања дополнително се подгреваат откако кај дел од уапсените лица беше најдено оружје, молотови коктели и секаков вид на реквизити.
❗Кога Фејсбук почна да ги отстранува видеата со насилство од социјалната мрежа, следеше повик од американски истражувачи граѓаните да собираат и архивираат докази што ќе помогнат во
идентификација на насилниците.
✅🇺🇸 Безбедноста во зградата на Капитол е контролирана од самиот Конгрес.Членовите на Сенатот со гордост зборуваат за отвореноста на „Народната куќа – Капитол Хил“. Се потрошија стотици милиони долари за надградба на безбедноста на комплексот – додавање на барикади против возила и
изградба на нов подземен комплекс за проверка на посетителите далеку од
самиот Капитол.
❗Поради тоа, сенатото од Охајо, републиканецот Тим Рајан, кој претседава со Комитетот што го надгледува буџетот на
полицијата во Капитол, во средата вечерта изјави дека ❗очекува многу бргу
да бидат отпуштени службеници сите одговорни за сериозните безбедносни
пропусти во Капитол❗
✅🇺🇸 Експертите за политички маркетинг сеуште ги анализираат алатките за
јавните обраќања на Трамп.
✅🇺🇸 Безбедносните служби веќе утврдија 🚩ХИБРИД во политичката реторика и делување на Трамп кои како крајна цел
предизвикаа насилство во Капитол при верификација на изборната победа
на Бајден на претседателските избори.
✅🇺🇸 Безбедносната проценка и профилирање што го направија американските служби по настаните во Конгресот потврдуваат дека, ❗Доналд Трамп во својата политичка реторика на поттикнување на радикализација и насилство ја злоупотребил широката заштита на правото на слободата на изразување што ја гарантира САД❗
❗Токму таа широка заштита на правото на слободата на изразување во САД, според некои правници во моментот е гаранција што Трамп сега за сега не е обвинет за насилствата, смртните случаи и последиците по американското општество❗
🚩🇺🇸 Никој нема двојба околу се поприфатената терминологија дека, „Трамп е директен поддржувач на домашните терористи“ како што се окарактеризирани❗
✅🇺🇸 Претставниците на антитерористичките агенции и агенциите на национална безбедност на САД се согласни со фактот дека, ❗претседателот Трамп ги
поминал границите на воите претседателски овластувања и директно се
вмешал во работата на владата и законодавниот дом, и дека со насилствата
и упадот во Капитол нивната функција била прекината, што според нив се
вклопува во класичната дефиниција за тероризам‼
✅🇺🇸 Вршителот на должноста американски правобранител за Вашингтон, Мајкл Шервин не ја исклучува истрагата за заговор и поттикнување на насилството и против претседателот Трамп❗
❗Според него, поттикнувањето на насилството траело предолго, но говорот на Трапм пред неговите приврзаници за време на верификација на изборните резултати и пред упадот во Капитол се клучни за чинот на упад и насилство‼
🚩‼Откако Трамп се обрати на неговите поддржувачи се вратил во Белата Куќа и наводно го гледал нападот на телевизија🚩
Оттогаш тој не се согласи со каква било одговорност за нападот во Капитол.
✅🇺🇸 Постои поглавје од законот на САД што се занимава со „субверзивни
активности“❗
Еден федерален закон го прави кривично дело „бунт или востание“ против федералната влада❗
Друг статут, познат како заверен заговор, забранува заговори за „уривање“ на американската влада или насилно запленување на владиниот имот❗
Округот Колумбија има свој кривичен законик, според кој секој што „намерно поттикнува или поттикнува други лица да се вклучат во немири“, ќе се соочи со парична
казна или затвор до 180 дена❗
✅ Овој упад во Капитол со сите анализирани пропусти на полицијата, во
рамките на американската безбедносна заедница го отвара прашањето и на
координацијата помеѓу канцелариите на органите и нивната меѓусебна
доверба и соработка⁉️ Така на пример:
🚩Канцеларија на ФБИ во Вирџинија издала експлицитно предупредување дека ❗екстремистите планираат да патуваат во Вашингтон ДС, да извршат насилство и „војна“ ден пред нападот врз Капитол. Ова предупредување според внатрешниот извештај на ФБИ, директно противречи на претходното тврдење на бирото дека “нема
разузнавачки информации за да ја предвиди опсадата”‼
🚩ФБИ Норфолк, наводно, предупредил дека екстремистите споделуваат мапи со тунелскиот систем на комплексот Капитол и организираат места за состаноци за оние
кои патуваат од Кентаки, Пенсилванија, Масачусетс и Јужна Каролина‼
🚩❗Овие внатрешни документи на ФБИ кои протекуваат во јавноста се чини дека е во спротивност со изјавите дадени од шефот на канцеларијата на ФБИ во
Вашингтон Стивен Д’Антуоно, кој минатата недела пред новинарите изјави дека „нема индикации“ за ништо планирано на 6 јануари „освен заштитена активност од Првиот амандман”‼
🚩❗ НБС Њуз објави и противречности во јавните изјави на Д’Антуоно на почетокот на оваа недела, повикувајќи се на неколку анонимни високи службеници, кои рекоа дека “ФБИ и Њујоршката полиција пренеле информации до полицијата во Капитол во САД за можноста за насилство за време на протестите”‼
✅🇺🇸 Според досегашната истрага на американските служби кои поднесоа повеќе
обвиненија за идентификуваните лица, останува сериозната задача да утврдат:
Дали постои некаков вид на поврзаност на милитарното организирање на протестантите како патриотски организации и функционирање на структура во рамките на самите безбедносни служби кои ја подржувале специјалната војна која преку политичка реторика Трамп ја водеше месеци наназад⁉️
🚩Во деновите (и навистина со недели и месеци) пред нападот, луѓето што ги
набудуваа платформите преку Интернет користени од екстремни поддржувачи
на Трамп и екстремно десничарски групи, предупредуваа на реторика за поттикнување на насилство во Капитол, вклучително и кон пратениците, во врска со изборниот резултат.
🚩Некои дури беа на сликата облечена во облека на која пишуваше „МАГА: ГРАЃАНСКА ВОЈНА“ испечатена заедно со датумот на 6 јануари 2021 година.
🚩Повиците преку социјалните мрежи „да се борат и да умрат за победата“ и активностите на главните екстремистички десничарски организации „Патриотска молитва“ (активни на северозападниот дел на Пацификот) и „Гордите момчиња“, национална неофашистичка група на омраза, месеци наназад упатуваат на можно насилство и ескалација на екстремизмот во САД за што очигледно недоволно се зборувало и работело и во САД ‼
🇺🇸🇲🇰 Следува посебна анализа, аналогија и компарација на “патриотските организации, повици” и профилот на членовите тука и таму …
Фросина Ременски

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести