10.8 C
Skopje
Sunday, October 24, 2021

Кој е против Јовески да „преземе“ во СЈО – опозицијата со илјадници амандмани ќе блокира

Најчитани вести

Многу хартија за илјадници амандмани. Со нив опозицијата денеска ќе се обиде да ги блокира измените и доплнувањата на Законот за јавнообвинителската служба, кои денеска се на седница на собраниската Комисија за политички систем, а со кои треба да се регулираат правата, должностите и одговорностите, како и системот на плати, додатоци и надоместоци на вработените во поранешното Специјално јавно обвинителство. ВМРО-ДПМНЕ смета дека измените не треба да поминат, бидејќи, велат, нивната цел била да се заобиколи законот за Јавно обвинителство и државниот обвинител да добие ингеренции околу вработените во СЈО, кои не му следувале.

„Се додека постои голем сомнеж за сторен криминал, за незаконски земени награди и за злоупотреба на службената положба од страна на сите специјални јавни обвинители и голем број истражители и нивни соработници сметаме дека не треба да има било какво легализирање на тие сомнежи за незаконито работење. И затоа инсистираме, доколку собраниското мнозинство има искрена намера, да ја гласа нашата иницијатива за формирање анкетна комисија за увид во материјално-финансиското работење на СЈО“, рече пратеникот Антонио Милошосоки.

Премиерот Зоран Заев, пак, вели дека со измените на законот ќе се даде можност ЈО да ги потпишува сметките за струја, вода и одржување, за исплаќање плати на вработените во поранешното СЈО, како и за чување на материјалите.

Измените ги поднесоа група пратеници, со образложение дека треба да се пополни правната празнина со персоналот од некогашното СЈО.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com