11 C
Skopje
Monday, May 17, 2021

Кој е новиот министер за земјоделие? Бил советник кај министерот, роден во Куманово, дипломирал во Скопје

Најчитани вести

Новоизбраниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, е роден на 8 ноември 1967 година во Куманово. Тој е дипломиран земјоделски инженер, а дипломата ја стекнал на Земјоделскиот факултет во Скопје.

Од март 2019 година Димковски е раководител на Сектор за рурален развој при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а од јуни 2017 до изборот за раководител на овој Сектор бил шеф на кабинет на досегашниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Додека ја извршувал функцијата раководител на Секторот за рурален развој, учествувал во подготвување годишни програми, планирање и нивно спроведување. Целиот свој професионален век тој работи на позиции поврзани со земјоделството.

Претходно бил и посебен советник на Николовски, кога тој беше дополнителен заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во техничката Влада пред парламентарните избори. Димковски ја извршувал и функцијата Извршен директор во Федерацијата на Фармери во Република Македонија, координатор на проект за поддршка на земјоделски здруженија, SAFARM2, како и менаџер на здружение на земјоделски производители-Куманово.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести