14 C
Skopje
Monday, January 25, 2021

Кој да го разбере – сега и Јувентус не му чини на Рабио

Најчитани вести

Младиот Французин Рабио летово како слободен играч го напушти ПСЖ бидејќи беше незадоволен и со желба дека повеќе ќе игра се пресели во Јувентус.

Но, иако сезоната е на самиот почеток, Адриен Рабио веќе е незадоволен и во Торино од тоа што повеќе ја грее клупата отколку што игра на теренот.

Иако можеби самиот очекувал да има загарантирано стартно место, но работите не се одвиваат така. Во првите четири дуели од Серија А за „старата дама“ забележа амо 27 минути.

Според италијанските медиуми, Рабио е нетрпелив и сака колку што е можно побрзо да влезе во стартниот тим и постојано да биде таму.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести