9.8 C
Skopje
Monday, December 6, 2021

Кој го исклучил алармот на Финансиската полиција?

Најчитани вести

Алфа три дена чека одговор од СЈО како постапиле откако го добиле известувањето од Управата за финансиско разузнавање дека Јордан Камчев, осомничен во Империја, повлекол огромна сума на пари од своите и од сметките на неговото семејство и кој не дал дополнителен рок за истражување зошто осомничениот во Империја ги вади парите.

Каде потфрлија институциите, за Боки 13ка да го рекетира Јордан Камчев? Дали СЈО не си ја извршило работата како што треба, па Камчев без проблем ги извадил парите од банка?

Она што фрла сомнеж на случајот е зошто неадекватно реагирало Специјалното јавно обвинителство кога добило известување на Управата за финансиско разузнавање дека осомничениот во Империја, Камчев повлекува пари.

Од УФР велат дека постапиле законски, па по алармот на банките, тие изготвиле доверлив извештај кој го испратиле до СЈО, за сомнителните активности кои ги врши Камчев.

Но одговор како постапиле СЈО откако го добиле извештајот и дали воопшто преземале нешто нема. Нема одговор ни дали воопшто по барање на СЈО му биле замрзнати сметките на Камчев. Јавноста досега не дозна ниту дали воопшто постои процедура за контрола на обвинителите кои одлучуваат за блокада или одмрзнување на пари поврзани со сомнителни.

Но не се само овие прашања не одговорени. Одговор нема ни кај му дал примерок на Бојан Јовановски од доверливиот извештај од УФР, за кој 13ка во една од аудио снимките кои ги објави Ла верита, Јовановски го известува Камчев дека Управата изготвила безобразен извештај. Боки 13 дури тврди дека алармот од финансиското разузнавање бил и со барање за притвор, но го уверува Камчев дека ставот на Јанева ќе биде оти нема опасност од бегство.

Дали СЈО прогледало низ прсти и дозволило Камчев слободно да вади пари од банка, пари за рекетот, останува одговор да дадат токму од таму.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com