6.8 C
Skopje
Sunday, November 28, 2021

Кошмарот на сопствениците на електрични автомобили: Знаете ли колку чини замена на батериите?

Најчитани вести

Кога станува збор за замена на батериите на електричниот автомобил, тоа претставува огромен трошок за сопствениците на еден таков автомобил.

Меѓу најголемите стравувања на сопствениците на електричните автомобили е дефинитивно батеријата која го напојува автомобилот. Кај класичните автомобили со мотор со внатрешно согорување, кога зборуваме за батерија, всушност зборуваме за акумулатор кој е „потрошен материјал“ и се менува прилично едноставно и со не преголем трошок.

Но, кај електричните автомобили, нивната најскапа компонента е всушност самата батерија. Производителите на електрични автомобили нудат големи гаранции за да го олеснат тој страв кај купувачите, но надвор од гарантниот рок, цената за замена на батерија прераснува во кошмар.

Конкретно, цената на нова батерија за Tesla Model 3 чини 16 илјади долари, пренесува Current Automotive, повикувајќи се на сметка од Tesla која е објавена.

Тие нагласуваат дека за најголемиот дел од електричните автомобили, гаранцијата на батеријата трае 8 години или 160 илјади поминати километри, но исто така на батеријата може да ѝ се случи нешто што не спаѓа под гаранција. Гаранциите покриваат фабрички грешки или маани, но не и штетата која корисникот би можел да му ја направи на батеријата, свесно или несвесно.

Сметката на која Current Automotive се повикува е поврзана со Tesla Model 3 чие подвозје удрило во поголем камен. Со оглед на тоа што батеријата кај автомобилите на Tesla е сместена во подвозјето, ударот ја оштетил батеријата која престанала да работи. Тој автомобил бил целосно мртов по доаѓањето во сервисот на Tesla, а ударот во каменот се категоризира како оштетување предизвикано од „останати надворешни сили“ и не подлежи на гаранција.

Помалку бизарно е тоа што, на пример, под гаранција спаѓа избивање на пожар на батеријата, па дури и ако е по грешка на сопственикот. Меѓутоа, сопственикот на Model 3 кој доби сметка од 16 илјади долари за замена на батеријата, со ударот во каменот не предизвикал пожар, па затоа и не важи гаранцијата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com