21 C
Skopje
Friday, May 14, 2021

Кошмарниот момент за Шевченко во неговата книга: Се будев урлајки во сон по прокоцканата титула

Најчитани вести

Некогашниот украински фудбалер Андриј Шевченко, се обиде да го раскаже своето искуство за ЛШ финалето во Истанбул во минатото.

Тој во својата ново објавена книга „Мојот живот, мој фудбал“, се допре до повеќе теми во својата кариера, а во дел од неа имаше место и за моментите кои му оставиле најсилен впечаток, за финалето во Истанбул кога Милан водеше со 3:0, но сепак загубија од Ливерпул.

„Тоа е рана која се уште крвари, дозволивме да не поведе еуфоријата во соблекувална, иако Малдини не предупреди да бидеме внимателни. Следните неколку месеци, се будев од сон урлајки на цел глас, се уште не ми е јасно како го дозволивме тоа, да примиме три гола за така кратко време“.

„Не го критикувам Карло Анчелоти, но сметам дека требаше да направи нешто повеќе, да ги направи измените, на некој начин да го смени текот на натпреварот и можеби се ќе беше поинаку во финишот“, откри Шевченко.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести