14.8 C
Skopje
Tuesday, September 21, 2021

Кочо Анѓушев: Ќе си го доработам мандатот, и се повлекувам од политиката

Најчитани вести

Во вчерашното гостување во емисијата Топ тема на Телма Вицепремиерот Кочо Анѓушев ја шокираше јавноста со изјавата дека се повлекува од политиката.

Анѓушев најави негово повлекување по закажаните предвремени парламентарни избори, без оглед на нивниот исход.

Анѓушев во гостувањето открива дека ваквата одлука ја донел поради тоа што профитот во своите компании рапидно паднал откако тој стана вицепремиер. Анѓушев истакна дека сака да се посвети на своите бизниси.

Како што изјави тој една од причините е тоа што неговите „најчесни намери да и помогне на државата не биле секогаш најдобро прифатени од граѓаните“.

“Кога прифатив да бидам дел од Владата моите намери беа најчесни, со знаењето што го имав стекнато, да и помогнам на државата. Но, за овој период приходите во моите компании опаднаа, а и профитите, некаде и до 50 отсто. Тоа е и заради моето отсуство. Ќе си го доработам мандатот, но бидејќи не сум член на ниедна партија, нема да продолжам со политиката”., рече Анѓушев

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com