3.8 C
Skopje
Wednesday, October 5, 2022

Коциќ: СДСМ за 4,5 години значително го унапреди здравствениот систем

Најчитани вести

СДСМ и институциите што ги предводи во изминатите години значително го унапредија здравствениот систем, со вложување во човечкиот капитал, крупни капитални инвестиции во здравствените објекти и опрема, со воведување нови методи на лекување, изјави на денешната прес-конференција Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ.

Тој додаде дека зголемени се платите и коефициентите за дежурства на здравствените работници. Основната плата на лекарите специјалисти ја зголемивме за 40 отсто, на општите лекари за 25 отсто, на медицинските сестри помеѓу 20 и 23 отсто, а на здравствени соработници за 15 отсто.

За првпат оваа Влада ги плати приватните специјализанти за својот труд во висина од просечна плата на општ лекар. Дополнително им се плаќаат дежурства и здравствено осигурување.

Одобрени се 931 специјализација и 130 супспецијализации. Покачени се капитациите за матичните лекари, стоматолози и гинеколози.

Коциќ наведе дека паралелно со инвестициите во човечкиот капитал инвестираме во изградба и реновирање на болници и здравствени домови, вложуваме во нова опрема за дијагностика и лекување и нови возила.

Реновирани се хируршките сали и целата Клиника за ортопедија, хируршките сали на Клиниката за трауматологија, одделенијата на дигестивна хирургија, сите клиники во склоп на Интернистичкиот блок и тоа ОРЛ, Очно, Дерматовенерологија, Пулмологија, Неврологија, Гастроентрохепатологија, универзитетската клиника за хематологија, Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, одделот за интензивно лекување на Универзитетската клиника за неврохирургија.

Продолжуваме со реализација на мерките што го унапредуваат здравствениот систем, обезбедуваат поголемa грижа за граѓаните и достоинствени услови за работа на здравствените работници, изјави Коциќ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com