Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич изјави дека локалните избори што се одржаа во Албанија во неделата, биле спроведени во контекст на политичка поделба, но генерално на мирен и регуларен начин.
Коцијанчич вели дека ги земале в предвид сите првични забелешки на ОБСЕ/ ОДИХР и го повтори апелот до политичките партии за надминување на кризата.
-Новоизбраните локални органи сега треба да бидат во состојба да работат според нивните уставни надлежности.Владата и опозицијата мора да покажат политичка зрелост и да се вклучат во конструктивен дијалог за надминување на актуелната политичка ситуација, порачува Коцијанчич.