16 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Коце Трајановски се луксузирал ко Тито: Во 2013-та нарачувал 12 годишен „Чивас“ од 0.7 литри за 2079 денари!

Најчитани вести

Поранешниот градоначалник на Скопје Коце Трајановски во 2013-та година нарачувал 12 годишен виски, меѓу другите и „Чивас“ од 0.7 литри за 2079 денари!

Покрај обичните Џони Вокер (за 1.416 денари) и Џек Даниелс (за 1978 денари), Коце Трајановски потпишал и набавка на омилениот бренд на Тито – „Чивас“ одлежан 12 години.

Вредноста на договорот склучен од Поранешниот градоначалник на Скопје Коце Трајановски во 2013-та година (два милиона и двесте илјади денари) е за околу 880 илјади денари поголема од вредноста на договорот склучен во 2021 од сегашниот градоначалник Петре Шилегов со истиот добавувач (околу еден милион триста и дваесет илјади).

За разлика од луксузирањето на Коце Трајановски со набавка на 12 годишен виски и скапи коњаци, во договорите за набавка потпишани од Петре Шилегов во 2018 и 2020 година не е предвидено набавување на луксузни алкохолни пијалоци, туку храна за потребите на градските служби.
Уште еден куриозитет е што Коце Трајановски набавувал литар кравјо млеко во 2013 година за 57.50 денари, а градоначалникот Петре Шилегов набавувал литар кравјо млеко во 2018 година за 49.98 денари.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести