10.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Коцарев: Бесмислено е барањето дека македонскиот идентитет и македонскиот јазик имаат бугарски корени

Најчитани вести

„По 75 години државност на Македонија, се повампирија старите апетити на некои наши соседи, се отворија нови прашања и стари рани. Се копа и рие по она што ни е најсвето. Сведоци сме дека се прават некакви договори зад грбот на македонскиот народ“ изјави претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев.

Тој на вчерашниот научен собир посветен на животот и делото на Крсте П. Мисирков, порача дека политичарите од Македонија и Бугарија да бидат свесни дека геополитичките игри во некои можни сценарија можат да предизвикаат штетни последици за двете земји.

Зборувајќи за актуелните односи на релација Скопје – Софија и преговорите кои се водат за надминување на историските разлики, Коцарев рече оти се надева дека нема да дојде до отстапки од македонска страна.

– За жал денес сме соочени со непринципиелни уцени и закани и ненаучни аргументи, бесмислено барање дека македонскиот идентитет и македонскиот јазик имаат бугарски корени. Апсурдно барање својата национална генеза Македонија да ја дефинира онака како што тоа го бара една соседна земја, рече тој.

И дел од останатите академици, предизвиците со кои се соочил Мисирков ги споредија со денешните случувања повторно упатувајќи остри критики на преговорите со официјална Софија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com