Левски во рамките од второто коло од квалификации за Конференциската Лига го совлада нашиот претставник Шкупи со 0:2, со што во голема мера си го осигура пласманот понатаму.
Бугарскиот состав дојде во Скопје по поволен резултат и тоа и го оствари. Тренерот на Левски, Николај Костов рече дека Левски заслужил да победи на терен кој реално не бил за игра.
„На Ваков Очаен Терен Ова Што Го Одигравме Е Одлично. Забележавме Голема Победа, Која Не Прави Фаворит За Пласманот Понатаму. Реално На Ваков Терен И Не Можевме Нешто Да Одиграме Освен Тие Долги Топки, И Таа Тактика Која Ја Практикувавме Вечерва. Имаше Провокации На Теренот, Што Не Би Требало Да Се Случува, Сепак, Ова Е Спорт. Жал Ми Е За Тоа Што Се Случувало Во Текот На Денешниот Ден Со Нашите Навивачи, Тоа Не Смее Да Се Случува Исто Така“ – Рече Костов.