Home » Костовски: Субвенционирање на цената на струјата во пресрет на најтешката зима

Костовски: Субвенционирање на цената на струјата во пресрет на најтешката зима

by Журнал.мк

„Со навремени и ефикасни политики Владата предводена од СДСМ ја одржува стабилноста на домашната економија, енергетскиот сектор, производството на струја и силно ја субвенционира цената на струјата за граѓаните. Обврска на државата е да се заштитат граѓаните и домашниот буџет. Затоа домаќинствата за сметките на струја плаќаат 20 отсто, а 80 отсто се субвенционира цената од страна на државата“, рече пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски.

Тој посочи дека „се подготвуваат и нови антикризни мерки. Со ребалансот на буџетот веќе се обезбедени 76 милиони евра за антикризни мерки коишто како пакет се подготвуваат за четвртиот квартал оваа година. За непречено снабдување со струја и топлинска енергија Владата прогласи кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје и во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на Република Северна Македонија“.

Костовски вели дека „домашното производство на струја ќе ја обезбедува целата потребна енергија и максимално ќе се зголеми. Тука се и задолженијата за штедење на електрична енергија во институциите, со кои од наредниот месец секоја институција ќе ја намали потрошувачката на струја за најмалку 15 отсто“.

„Од наредниот месец следува големо покачување на пензиите, според новата методологија на усогласување на пензиите со растот на трошоците за живот и на платите. Платите континуирано се зголемуваат. Според последните официјални податоци, просечната плата во јуни се искачи на 31.869 денари. Покачување на платите од септември ќе има во одбраната, полицијата, образованието и детската заштита“, вели тој.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk