Home » Костова револтирана: Две години беше онлајн, лани имаа една книга по сите предмети, годинава ни тоа

Костова револтирана: Две години беше онлајн, лани имаа една книга по сите предмети, годинава ни тоа

by Журнал.мк

Познатата ексводителка и актуелна инфлуенсерка го крена гласот против пропустите во образовниот систем во земјава. 

И таа, како и повеќето родители, револтирана од недостигот на учебници, иако надлежните ветуваат дека иако со задоцнување оваа учебна година книги ќе има. 

– Андрија од септември ќе биде 6то. Без книги. Одделение од кое на дете треба да му се направи сериозна навика за учење и совладување на материјал тековно од ден во ден. Две години беше онлајн, лани имаа една книга по сите предмети, годинава ни тоа. Дали има некој со здрав разум воопшто кој ќе одговара за овие деца кои за 6 години во образование немаат никаква престава за тоа што е всушност школо? Вие веќе не сте злобни и себични. Вие сте умноболни, порача во свој стил Костова. На две седмици од учебната година, родителите се подготвуваат нивните деца-ученици, како и лани, да учат од работни материјали, наместо од вистински учебници. 

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More