Костадинов: Новата снимка потврди дека Груевски и Јанкуловска го криеле убиството на Нешковски

Share on facebook
Share on twitter
Share on whatsapp
Share on google
Share on linkedin
Share on email
Share on print

Портпаролот и пратеник на СДСМ, Костадин Костадинов на новинарско прашање како го коментира најновиот статус на фејсбук на екс премиерот и бегалец од правдата Никола Груевски, кој вели дека за време на проектот „Вистината за Македонија“, биле пуштени само одделни исечоци од целосните снимки кои одговараат за актуелниот политички момент, поконкретно за бомбата за убиството на Мартин Нешкоски, одговори дека таа потврдила дека Груевски и Јанкуловска го криеле убиството на Нешковски.

„И од оваа снимка која што ја објави Ел Чека, јасно може да се види дека тогашниот премиер Никола Груевски и тогашната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска свесно се обидуваат да прикријат дека во моментот на убиството полицаецот Спасов не бил таму како член на обезбедувањето на Никола Груевски, туку бил приватно. Понатаму во снимката можеме јасно да видиме дека Никола Груевски и наредува на тогашната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска да каже во јавноста дека Спасов никогаш и не бил член на неговото обезбедување. Свесни сме, имавме можност сите да го слушнеме, дека впрочем, Спасов бил ангажиран како дел од обезбедувањето на Никола Груевски, со усна наредба на шефот на обезбедувањето на Никола Груевски“, вели Костадинов.

Џ.И.

Оставете коментар

Актуелно

@2019 – Новинска агенција ЖУРНАЛ. Сите права се задржани.

Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.