3 C
Skopje
Thursday, January 28, 2021

Костадинов: Мицкоски не магистрирал и не докторирал во Италија и Германија, потврди извештајот на УКИМ

Најчитани вести

Извештајот на УКИМ потврди дека кариерата на Мицкоски е измамничка, не магистрирал и не докторирал во Италија и Германија, истакна портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Извештајот на УКИМ потврди дека кариерата на Мицкоски е измамничка, не магистрирал и не докторирал во Италија и Германија, истакна портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

„Уште еден ден без одговори од Христијан Мицкоски за неговите лаги, за лажната магистратура, за лажниот докторат, наводно стекнати во Италија и Германија. На средбата со бугарскиот премиер Борисов, Мицкоски рекол дека бил магистранд и докторанд во Германија и Италија. Сега никаде го нема, молчи, се крие. Секој ден го повикуваме да каже зошто ги лажеше граѓаните, зошто го лажеше премиерот Борисов. Фактите потврдуваат, Мицкоски.

Ова е рефератот, извештајот од изборот на Христијан Мицкоски за професор на Машинскиот факултет во Скопје, објавен во билтенот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. На ниедно место во овој документ, ниту во биографските податоци, ниту во која било биографија на Мицкоски не стои дека тој магистрирал и докторирал во Германија и Италија.

Секојдневно се потврдува, Мицкоски е нечесен и неискрен политичар, едно зборува дома, друго надвор, лажеше за договорот со Бугарија, лаже за магистратурата и докторатот. Ако се охрабрува да лаже за своето образование, колку ли Мицкоски лаже за политиката што ја поддржува?

Дополнително, Мицкоски ги омаловажува Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ и Машинскиот факултет. Или, пак, Мицкоски се срами, затоа станал аситент на факултетот каде што професор бил и татко му? Kариерата на Мицкоски ниту е професионална, ниту е академска, ниту е политичка. Неговата кариера е измамничка и манипулативна. Впрочем, каква може да биде кариерата на човек чиј ментор е Никола Груевски?“, порача Костадинов.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести