3.8 C
Skopje
Sunday, December 5, 2021

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се уплашија од брзи избори

Најчитани вести

На вчерашната лидерска средба ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се уплашија од брзи избори, истакна портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Според него, тоа што Мицкоски не прифатил избори во декември кажува дека тој се плаши од граѓаните и знае дека го чека нов пораз.

„Јасно е дека СДСМ и коалицијата што ја предводи се фаворити на изборите на 12 април. Во изминатите две години ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски беа единствените што работеа против реформите, против напредокот, против интеграцијата во ЕУ и НАТО“, нагласи партискиот портпарол додавајќи дека единствените кои се радувале на историската грешка на Самитот во Брисел биле Мицкоски и неговата партија.

Костадинов кажа дека СДСМ е постојано на терен заедно со граѓаните со кои, како што рече, на 12 април ќе го потврдат правиот пат.

„Тоа е патот на повисоки плати, на огромна социјална помош, патот на бескомпромисна и неселективна борба со корупцијата, патот на враќањето пари назад кон граѓаните“, порача портпаролот и додаде дека граѓаните нема да дозволат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ги вратат во темното минато.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com