4.8 C
Skopje
Thursday, October 28, 2021

Костадинов: Апелирам амандманите да се повлечат, со дебата да го смениме изборниот модел

Најчитани вести

СДСМ апелира амандманите што ги поднесе ДУИ да се повлечат.

„Да влеземе во суштинска дебата и, конечно, да го промениме изборниот модел за кој се залагаме сите во овие изминати години“, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Запрашан како ги коментира блокадите за измените на Изборниот законик од страна на ДУИ, Костадинов го повика коалицискиот партнер да размисли, да си го преиспита чекорот и да ги повлече амандманите до почетокот на комисиската расправа, односно до почетокот на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

„И во рамките на Комисијата да имаме суштинска дебата, и сите ние, без разлика, не само коалициските партнери, ги повикувам и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-ДПМНЕ воопшто како партија да ги повлечат амандманите, да се ставиме во функција на државата, во функција на демократијата и најважно од сè во функција на граѓаните. Со измените на изборниот модел сите добиваат, особено граѓаните. Затоа треба да се ставиме во функција на граѓаните“, рече Костадинов.

Доцна синоќа раководството на СДСМ го усогласило ставот дека се подготвени за една изборна единица на претстојните предвремени парламентарни избори место сегашните шест. И покрај очекувањето на СДСМ да нема амандмани и блокади, за предложените измени на Изборниот законик, Собранието добило 5.000 амандмани од ДУИ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com