Косовските пратеници изгласаа распуштањето на законодавниот дом, по што се очекува претседателот на државата Хашим Тачи да го одреди датумот за одржување на предвремените, седми по ред, парламентарни избори во земјата.
За распуштање гласаа 89 пратеници, еден беше воздржан, а двајца против.
Претседателот Тачи, според извори од неговиот кабинет, планира да ги закаже изборите за на 6 октомври, а одлуката ќе ја објави утре, или најдоцна в понеделник.